Црква во лондонското предградие Фулам, која била преуредена и претворена во луксузна куќа вредна речиси 17 милиони евра (15 милиони фунти), е ставена на продажба, јавуваат британските медиуми.
Надворешноста на црквата е обновена, а внатрешноста е променета и усогласена со современите стандарди. Сепак, останале некои оригинални детали, како што се прозорците и високите тавани. Сега е додаден и затворен базен, киносала, вежбалница…
Зданието има шест ката, четири големи спални соби со бањи, гардеробер, голема трпезарија, кујна и простории за појадок и прием. Имотот има и раскошна градина.
Црквата е изградена во 1841 година, а зад проектот стои архитектот Едвард Блор, познат и по Бакингемската палата. Цената засега изнесува 15 милиони фунти (16,8 милиони евра).