Во изминатите 24 часа 14 лица починаа во Србија од последици од новиот коронавирус, соопштија властите.
Во тој период биле тестирани 13.091 лице, од кои 2.823 биле позитивни на Ковид-19, што е нов дневен рекорд, покажуваат податоците на здравствените власти.
Од почетокот на епидемијата, 915 лица починаа во Србија како резултат на инфекција со коронавирусот. Стапката на смртност е 1,37 проценти.