Трудо-Бајден: Двајцата претходно работевме заедно и подготвени сме да се справиме со предизвиците

Од:

Канадскиот премиер Џастин Трудо телефонски разговараше со Џо Бајден, околу теми поврзани со актуелни прашање како коронавирусот,  климатските промени и НАТО.

„Двајцата претходно соработувавме и подготвени сме да ја продолжиме работата и да се справиме со предизвиците со кои се соочуваат двете земји“, напиша Трудо на „Твитер“.

Трудо беше еден од првите светски лидери што му ја честиташе победата на Бајден, веднаш откако американските медиуми објавија дека тој ги добил потребните 270 гласа, пренесува „Ројтерс“.

Бајден му се заблагодари на Трудо за честитките и рече дека со нетрпение очекува блиска соработка со Канада за да му помогне на светот во борбата против пандемијата, но и дека САД и Канада ќе ги зајакнат економските врски, односите во рамките на НАТО и заедно ќе се борат против климатските промени, соопшти тимот на Бајден.

Би можело да ве интересира

Трамп: Трудо ми се јави, повикот заврши со малку пријателска нота

А1он

Трудо: Путин е лажго и криминалец на кој не може да му се верува

Катерина Ѓуровски

Канада најави брз одговор на заканите од Трамп

Трудо: Војната на Русија во Украина е војна против демократијата, вистината и правдата

Канада е подготвена да му возврати на Трамп

Трудо жестоко по инаугуративниот говор на Трамп: Му требаат ресурсите на Канада

А1он