Бугарија: Борисов не успеа да формира влада

Од:

Поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, чија партија доби најмногу гласови на изборите од 12-ти мај, денес изјави дека не успеа да обезбеди стабилно владејачко мнозинство и да формира влада.

Партијата ГЕРБ на Борисов освои 97 од 240 гласови во бугарскиот парламент.

Сега се очекува бугарскиот претседател Росен Плевнелиев да побара од социјалистите, кои што освоија 84 места во парламентот, да се обидат да формираат влада.

Тие претходно изјавија дека сакаат да формираат влада, која ќе има широка поддршка, а ќе ја предводи поранешниот министер за финансии Пламен Орешарски.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?

ДУИ повикува на исполнување на обврските од Преговарачката рамка и итно усвојување на уставните измени