Разрешен градоначалникот на Прага

Од:

Главниот град на Чешка остана без градоначалник откако Градскиот совет на денешната седница го отповика Бохуслав Свобода, јави дописникот на МИА од Прага.

Ова е резултат на одлуката и гласањето на советниците на партијата ТОП 09, која е најмала партија во владината трипартиска коалиција да ја прекине коалицијата со Граѓанската демократска партија (ОДС) на општинско ниво.

Како причини беа наведени несогласувања во Советот и наводна неспособност на ОДС да управува со некои области, особено во сообраќајот, финансиите и имотот. ОДС во советот на Прага за прв пат е во опозиција по повеќе од 20 години.

Според партијата овој чекор на коалициониот партнер е „без преседан“. За актуелниот претседател на партијата и премиер, Петр Нечас тоа е „лош чекор кој укажува на тенденција на ТОП 09 да се занмава со политиканство“. Нечас додаде дека не е исклучена можноста оваа партија тоа да го направи и во Владата.

Би можело да ве интересира

Фиала: Русија повеќе не може да не уценува

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Силна експлозија во ресторан: Шест мртви, осум повредени

Предраг Петровиќ

Маж зема воспитувачка како заложник, па и се закануваше со нож, драма во градинка во Чешка

Мигранти пронајдени во камион во Чешка, една жена почина

Маж со нож рани три лица на бензинска пумпа во Прага

Страшна несреќа во Чешка: Повредени се пет лица