Скопје е шести најзагаден град во светот

Од:

Скопје вечерва се вбројува во првите десет најзагадени градови во светот, според сервисот „Iqair“. Со индекс на квалитет на воздух 170, главниот град е шести на листата на загадени градови. Пред нас во првите пет по загаден воздух се Ченгду во Кина, главниот град на Индонезија, Џакарта, градот Калкута во Индија, Лахор во Пакистан и градот Делхи во Индија.

Апликацијата „Мој воздух“ вечерва покажува високи вредности на загаденост во сите делови на Скопје. Од триесетина мерни станици, дванаесет покажуваат дека „квалитетот на воздухот е опасен“. Осум мерни станици покажуваат пониски вредности, а апликацијата нагласува дека „воздухот е многу загаден“, додека за четири мерни места, според индексот за квалитет на воздухот, се нагласува дека „воздухот е загаден“. Ниту една мерна станица во Скопје не покажува дека воздухот не е загаден.

Доколку се погледне на ниво на цела држава, состојбата е слична. Во повеќето градови, според индексот за квалитет на воздухот, тој е загаден. Само мерните станици во близината на Штип и Дебар покажуваат дека воздухот не е загаден.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Скопје се гуши поради неспособноста на власта и градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ

Променливо облачно со претпладневен локален дожд

Поради невремето во Скопје на 112 повеќе пријави за паднати дрвја, скинати кабли на ЕВН и оштетување на приватна сопственост

(ФОТО) Паднати дрвја низ цело Скопје, ветрот правеше масакр по улиците

А1он

Невреме со силен ветер во Скопје – паднати кровови од згради во Чаир и во Ѓорче Петров

А1он

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат