Млади скопјани уценувале девојка: пари или ќе објават компромитирачки содржини

Од:

19-годишна скопјанка била уценувана од две момчиња, кои ѝ барале пари, заканувајќи се дека ќе објават нејзини компромитирачки содржини, соопшти МВР.

Девојката уцената ја пријавила во полиција, по што двајцата скопјани, на возраст од 19 и 23 години, биле приведени, се вели во полициското соопштение.

„По добиена пријава од 19-годишна девојка дека била уценувана од две лица да им даде пари за да не објават компромитирачки содржини за неа, денеска полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ги приведоа А.С. (19) и Е.Н. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

Од МВР информираа дека веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности, по што веднаш се приведени А.С. и Е.Н. и кај нив се пронајдени докази за стореното кривично дело. Против нив до надлежното Обвинителство ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави,“ велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, троја се странци

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Полицијата го пронајде возачот кој удри во 11-годишно девојче и избега