Светот на мотоциклизмот тагува откако на патеката Интерлагос во Бразил загина 23-годишниот домашен мотоциклист Матеус Барбоса.
Младиот Бразилец ја загуби контролата врз моторот на еден свиок, а потоа, се чини, направи кобна грешка што се трудеше да продолжи да го управува. Барбоса не стигна да ја врати контролата врз моторот пред да стигне до безбедносната ограда, во која се заби со голема брзина. Снимката што следува е вознемирувачка:
* Imagens fortes*
O piloto Matheus Barbosa passou reto em um das curvas e bateu muito forte no muro, em Interlagos, em prova da SuperBike, disputada domingo. Segundo os sites Grande Prêmio e Motorsport Brasil, ele não resistiu aos ferimentos e faleceu. A corrida foi interrompida. pic.twitter.com/SBFHWLZrs3— Esporte Jundiaí (@esportejundiai) November 8, 2020
Бразилските љубители на автомобилските спортови реагираа бурно на веста за загинувањето на Барбоса, велејќи дека патеката Интерлагос, која ја прославија трките во Формула 1, не е соодветно обезбедена за да се спречат вакви несреќи. Барбоса, поранешен шампион во конкуренцијата „Суперспорт“, е третиот мотоциклист кој загина на оваа патека за нешто повеќе од една година.