(ВИДЕО) Захариева: Нашите услови не се сменети со години, ме чуди што ви делуваат како нешто ново

Од:

Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, вели дека бугарските услови кон Македонија не се сменети со години и е зачудена што тие за јавноста делуваат како да се нови.

„Да, ќе ја носиме нашата одговорност, ние сме навикнати да ја носиме нашта одговорност. Би сакала и колегите во Скопје да ја носат нивната одговорност“, одговори Захариева на прашањето дали Бугарија е подготвена да ја носи одговорноста за странските влијанија во регионот, по бугарското вето.

За Захариева, ова е шанса која Скопје не треба да ја испушти.

„Бидејќи имаме германско претседателство во моментот и Германија е една од земјите основачи, не се многу такви, кои го поддржуваат проширувањето и посебно за земјите од Западен Балкан“, вели Захариева.

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи, останува на ставот дека Договорот за добрососедство е одлична рамка за изноѓање на заедничко решение за спорот со Бугарија.

„Јас сум лично оптимист, вложивме многу и двете земји. Сме премногу блиску, за да не изнајдеме заедничко прифатливо решение“, вели Османи.

Според Османи, сите се свесни за влогот во овој процес и за последиците од неуспехот.

На виртуелната прес конференција, присутен беше и германскиот министер Хајко Мас кој им честиташе на двете земји за одличната тимска работа при подготвувањето на Берлинскиот процес.

Би можело да ве интересира

Преземените обврски мора да се почитуваат порачува францускиот амбасадор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Предлог уставни измени во Собранието, пред формирање влада во Бугарија, е наивно

Катерина Ѓуровски

Почна средбата на Мешовитата историска комисија, прва со новиот состав на македонскиот тим

Прва средба на новиот тим македонски историчари во заедничката комисија со тимот од Бугарија

Мицкоски: Државата е блокирана од нерационален и билатерален спор

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: Јотова советите да ги упати до буарските власти да дозволат Македонците да се организираат во невладини