ВИДЕО: Славната генерација на Школата за народни учители кај Жерновски

Од:

Сиромашни, гладни, со опинци, но со силна желба да учиме и да можеме да ги образоваме новите генерации дојдовме далечната 1944 година во Школата за народни учители„Никола Карев, вака се потсетува славната генерација на први образовани учители.

Тие, годинава слават 65 години од матурата. За генерацијата која ги учеше славните писатели, поети, правници, за нивните гледања на минатото, но и што треба да се прави во иднината, разговараа на средбата кај градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

„Во 1944 година, со Указ на Президиумот на АСНОМ, беше отворено првото средно училиште во Македонија, а ние сме првата редовна генерација народни учители. Дојдовме од цела Македонија“, рече Љупчо Ајдински.


Јован Манчевски се потсетува дека тие први организирале штрајк во Македонија.

„Не сакаме спанаќ, сакаме грав“, протестирале и барале подобра храна.


На 18-годишна возраст, веднаш сите 760 биле распоредени во цела Македонија.

Традицијата на средби со градоначалникот на Центар била прекината од Аларова и Тодоровиќ.

Првите учители се жалат дека минатата година биле оставени пред портата на општината и не биле пуштени да отидат до местото каде беше Школата за народни учители„Никола Карев“.

„Многу ми е драго што јас ја продолжувам прекинатата традиција на средби со оваа генерација на први образовани кадри за учители во Македонија.Ова се првите пионери кои ги учеа нашите родители и нас. Она што е за мене приоритет е негување на традициите и минатото, зошто никој не смее да си ги сече корените.

– Прекрасно и инспиративно беше да се чујат нивните залагања, самопрегорност и се уште огромна виталност, но и размислувања и желба за подобра Македонија“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски .


Жерновски со задоволство прифати да се дружи со нив и да дојде и на средбата која оваа славна генерација ја одржува секој месец.

Би можело да ве интересира

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради

Во Центар изгореа четири возила