Скопска ЗОО: „Бабичката“ Дуња и „внуката“ Даела ќе имаат поудобно и побезбедно живеалиште

Од:

Во скопската зоолошка градина во тек се градежни зафати кои треба да го прилагодат животниот простор за двете популарни скопски слоници.

„Дуња и Даела се со големи разлики во возраста, па младата Даела понекогаш е премногу палава за „бабичката“ Дуња. Тоа му доаѓа како познатиот „генерциски јаз“ кај луѓето, само што тој кај слоновите различно се манифестира – замислете вашата внука да има 4 тони.

Во таквите периоди многу е важно двете слоници привремено да уживаат во прошетките одвоени една од друга. Токму тоа е главната причина поради која во текот на есента и зимата ќе се работи на градежни зафати кои вклучуваат и големи потпорни ѕидови, за кои сите материјали, во вредност од скоро половина милион денари, ги обезбеди еден од пријателите на скопската ЗОО, Цементарница УСЈЕ“, велат од скопската зоолошка.

„Сите се надеваат дека уредувањето на прилагодениот надворешен простор ќе биде финализиран до следната пролет. Сепак, посетителите на скопската ЗОО и во овој период ќе може да уживаат во редовните прошетки на популарните Дуња и Даела во другиот дел од нивниот двор, мамејќи ги љубопитните погледи и радувајќи ги особено најмладите“, информираат од скопската зоолошка.

Би можело да ве интересира

Од денеска повторно може да се оди во скопската Зоолошка градина

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Посетителка во Зоолошката градина побарала да се тестира за птичји грип

Двајцата вработени во ЗОО Скопје кои беа тестирани немаат птичји грип

Катерина Ѓуровски

Жирафата Флопи починала како резултат на малиген тумор во црниот дроб и метастази во белите дробови

Се чекаат резултатите од обдукцијата за причината на смртта на жирафата Флопи

Катерина Ѓуровски