Триесет санкции за нерегистрирани возила и 20 санкции за возење без возачка дозвола изрекла сообраќајната полиција во Гевгелија во текот на вчерашниот ден.
Министерството за внатрешни работи утрово информираше дека во акциската контрола што е спроведена на подрачјето на Гевгелија регистрирани се вкупно 121 прекршок. Меѓу нив, санкционирани се и 13 моторцикли и изречени се осум санкции за неносење на маска.
– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, велат од МВР.