Во Словачка за еден ден тестирани повеќе од 1,2 милиони луѓе

Од:

На првиот ден од вториот круг на масовно тестирање за коронавирусот, вчера во Словачка биле тестирани 1.297.571 граѓани, од кои 0,63 проценти биле позитивни.

Како што рече денеска министерот за одбрана Јарослав Наѓ, позитивен резултат добиле 8.172 лица.

Словачкиот премиер Игор Матович ги повика граѓаните кои се негативни да се однесуваат кон секој во неговата околина како да се позитивни.

Матович побарал заразените да бидат одговорни и да ги известат сите што биле во контакт со нив.

Во првиот круг минатата недела беа тестирани повеќе од 3,6 милиони од 5,5 милиони жители.

Би можело да ве интересира

Дојава за поставена бомба во катедрала во Кошице

Словачка: Дојави за поставени бомби и мини во училиштата и судовите

Горан Наумовски

Лажна дојава за бомба предизвика паника во аеродромските згради во Кошице и Попрад

Горан Наумовски

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил

Во Словачка се отворени избирачките места за изборите за Европскиот парламент

Ешток: Словачка е на работ на граѓанска војна

Горан Наумовски