Компанијата „Убер“ во првите три квартали од годинава забележа загуба од 5,8 милијарди долари поради негативното влијание на пандемијата на коронавирусот.
Сепак, компанијата се надева дека ќе може да оствари профит следната година.
Во третиот квартал, приходите на Убер беа 3,1 милијарди долари или 18 проценти помалку отколку во истиот период минатата година.
Еден ден по претседателските избори во САД, акциите на компанијата пораснаа за речиси 15 проценти.