Непрописната градба и непочитувањето на нормите и прописите, се причини кои доведоа до уривање на зградата Рана Плаза во главниот град на Бангладеш, Дака, при што загинаа нас 1.100 лица.
До ваков заклучок дошла владината Истражна комисијa, која оценува дека сопственикот на зградата, во која беа сместени пет текстилни фабрики, при изградбата користел неквалитетна железна арматура и цемент.
– Направени се низа неправилности при градењето на заградата, изјави раководителот на Комисијата, Мајнудин Кандакер.
Комисијата исто така, заклучи дека сопственикот на зградата, Сохел Ран имал дозвола да изгради шест ката, но незаконски на објектот биле додадени уште два.
Во извештајот е наведено дека зградата не била изградена за индустриски потреби и дека допонителен придонес во уривањето дале и тешките машини во текстилните фабрики и нивните вибрации.
Комисијата препорача деветте лица кои се уапсени под сомнеж дека се одговорни за несреќата, да бидат осудени на доживотен затвор.
Истражната комисија препорача и земјиштето на кое се наоѓаше фабричкиот комплекс да биде продадени и од тие пари да им се помогне на жртвите и на родинините на загинатите.
Во извештајот се бара во сите фабрики да биде извршена проверка на безбедносните услови и заклучоците од инспекцијата да бидат истакнати на фабричките порти.
Несреќата покрена кампања на Западот за унапредување на безбедносните стандарди во текстилните фабрики во Бангладеш, каде се шие облека и за повеќе светски познати модни брендови.