ФОТО: Улицата „Страшо Пинџур“ во Штип непристапна за возила

Од:

Додека сообраќајниот режим во Штип се менува, локалните власти како да заборавија дека улицата „Страшо Пинџур“ веќе со месеци е речиси непроодна.

Реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Браќа Миладиновци“ е причината поради којапатот што води од Народниот театар во Штип до улицата „Страшо Пинџур“ е целосно раскопан, асанацијата две години се одложува.

Но, проблемите на жителите од оваа улица не завршуваат тука. Изградбата на нова станбена зграда, која започна пред повеќе од 8 месеци, дополнително го отежна пристапот. Поради несовесност на изведувачот дојде до одрони на дел од патот што ја спојува улицата „Страшо Пинџур“ со раскрсницата што води кон Клиничката болница во Штип, а тогашното раководство на општината  ги премолчи овие случувања.

[nggallery id=189]

Градежните работи на новата зграда со месеци мируваат, но и понатаму стои заштитната ограда и забраната за движење на возила од секоја категорија. Жителите  бараат некој да преземе одговорност  за  состојбата во која е доведена улицата.

И покрај најавите на локалните власти дека овој проблем ќе биде решен во блиска иднина, жителите со неверување ја примија оваа вест, бидејќи, како што тврдат, досега чуле безброј празни ветувања.

Би можело да ве интересира

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

Дваесетгодишна државјанка на Турција е пронајдена почината во стан во Штип

ВИДЕО: Вандализирано најголемото штипско училиште „Ванчо Прќе“, наставата прекината

Катерина Ѓуровски