Коронавирусот го одзеде животот на познатиот албански актер и режисер Кочо Деволе

Од:

Во 75-та година од животот почина еден од најпознатите албански актери и режисер, Кочо Деволе откако му се влошила состојбата по заразата со Ковид-19.

Деволе беше хоспитализиран во Инфективната клиника, состојбата му се подобрила па заминал на домашно лекување, но поради влошена здравствена состојба, повторно бил хоспитализиран и последните осум дена бил интубиран. Претходно тој боледувал и од леукемија.

Покрај тоа што беше одличен комичар, Деволе беше карикатурист, сценарист, режисер и водител на спектакли.

Тој беше режисер и сценарист на емисијата „Фикс фаре“ и хумористичниот спектакл „Портокали“, кои се најпопуларни во земјата и пошироко, режирал новогодишни концерти на државната телевизија како и многу телевизиски комедии. Неговите улоги на сцената и на телевизиските екрани се едни од најпознатите за албанската јавност.

Кочо Деволе е 558 жртва на новиот коронавирус во Албанија.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек