Американскиот претседател Доналд Трамп повторно објави гневна порака на Твитер, со факти за кои верува дека потврдуваат дека изборите биле нефер и дека победата на неговиот ривал Џо Бајден не била легална.
Според него, милиони ливчиња биле испратени до луѓе кои не го сакале тоа, додека набљудувачи не биле во можност да бидат присутни при пребројувањето.
71,000,000 Legal Votes. The most EVER for a sitting President!
— Donald J. Trump (@realDonaldTrump) November 7, 2020
Тој тврди дека добил 71.000.000 законски гласови и дека е победник.
Претходно, Трамп одби да признае дека загубил на претседателските избори откако американските медиуми објавија дека победник е Џо Бајден.
Тој не планира да го покани новоизбраниот претседател Џо Бајден во Белата куќа во наредните денови, изјави извор за Си-Ен-Ен.
Традиционално, во Овалната соба се организира средба помеѓу актуелниот лидер и новоизбраниот претседател.
Трамп често ја споменува својата средба со Барак Обама на 10 ноември 2016 година, вклучително и дека разговарале за Северна Кореја.