Едно лице е убиено со истрел од ловна пушка по претходна расправија и физичка пресметка синоќа во 20 часот во село Сарај.
Како што денеска потврди СВР – Скопје, по претходна расправија во врска со нерасчитени должничко доверителски односи од истрел од ловна пушка З.Џ. (37), кој пушката ја поседувал со дозвола, со еден истрел му нанел повреда на Шефкет Љатифи 30-годишен од село Грчец. Љатифи бил пренесен во Клинички центар каде им подлегнал на повредите.
Во расправијата и во физичката пресметка учествувале по неколку лица од двете страни, при што е повредено уште едно лице Ш.Џ. 63 години од село Сарај, кој се здобил со телесна повреда од удар од камен. Укажана му е лекарска помош во „8 Септември“ по што е пуштен на домашно лекување.
Учесниците се приведени, а СВР-Скопје работи на целосно расчистување по што ќе следи соодветен поднесок.