Во Прилеп ќе се подготвува најголемата перница на светот за гинисов рекорд

Од:

Во центарот на Прилеп денеска официјално ќе се потврдува најавениот гинисов рекорд во најголема перница на светот.

На плоштадот „Методија Андонов Ченто“, од 13 до 16 часот организаторот, прилепската компанија за постелнини „Комфи Ангел“ со логистика на локалната самоуправа пред граѓаните ќе ја полни џиновската перница.

Според најавите, за да биде Гинисов рекорд, перницата треба да биде поголема од 15 метри. Организаторите информираат дека перницата ќе биде најмалку со димензии 17,90 на 17,90 метри и потешка од 5 тони. По полнењето на перницата и официјално ќе се верификува рекордот од гинисов претставник.

Потоа, организаторот на присутните ќе им дели реплика на перницата, а во центарот на Прилеп ќе биде организирана забавна програма на која ќе настапат Калиопи и „Пламенка квартет“.

Би можело да ве интересира

Експресниот пат Прилеп-Градско е затворен за сообраќај

ВИДЕО: Како се одвивала целодневната драма во Прилеп која заврши трагично

Убиецот од Прилеп фрлил бомба и пукал кон полицијата

Катерина Ѓуровски

Ги убил внукот и неговиот син поради кавга за имот, детали за случајот во Прилеп

Катерина Ѓуровски

Двојно убиство и самоубиство во Прилеп

Катерина Ѓуровски

За труењето на 38 работници во прилепска фабрика Центарот за јавно здравје дознал по шест дена