Членка на изборната комисија на САД: Нема докази за измама

Од:

Членка на Државната изборна комисија на САД, Елен Вајнтрауб денеска изјави дека „Американците треба да знаат дека нема докази за изборни измами“.

Според неа, државните и локалните власти, како и локалните изборни комисии се потрудиле да не дојде до никакви неправилности, јави Си-Ен-Ен.

– Имаше многу малку поплаки за регуларноста на изборите, а уште помалку беа оправдани жалби. Нема докази за изборна кражба или незаконски гласови. Всушност, вие не мора да се држите до моите зборови, прашајте независни набљудувачи на изборите, тие ќе ви кажат како поминаа изборите, изјави Вајнтрауб за Си-Ен-Ен.

Американскиот претседател Доналд Трамп, кој во моментов заостанува зад демократскиот кандидат Џо Бајден во изборната трка, најави преземање правни чекори затоа што смета оти изборите не биле регуларни.

Би можело да ве интересира

Првични анкети: Мала предност на Харис, одлучуваат „свинг“ државите

Ројтерс: Демократите ќе бараат повторно пребројување на гласовите доколку Трамп пребрзо прогласи победа

Саливан: Постигнавме напредок во идентификувањето на странските влијанија врз американските избори

Горан Наумовски

Избори во САД 2024: Вооружен маж уапсен пред митингот на Трамп во Калифорнија

Објавена највлијателната анкета: Трамп води, гласачите сметаат дека Харис е премногу либерална

Бајден сака изборите за претседателски кандидат на демократите да почнат во Јужна Каролина

А1он