Братај: Состојбата со Ковид-19 во Тирана е вон контрола, неопходни се построги мерки

Од:

Директорот на Националниот ургентен центар, Скендер Братај изјави дека состојбата со Ковид-19 во Тирана е надвор од контрола.

Тој, но и експертите од оваа област ја нарекуваат црвена зона, бидејќи околу 175 жаришта на опасниот вирус се наоѓаат само во главниот град.

Братај додава дека поради зголемениот број на заразени и хоспитализирани, Тирана, како и главните градови на некои соседни земји ризикуваат делумен карантин.

„Инфекцијата се прошири во големи размери. Од 1.300 повици во едно деноноќие регистрирани до Нациналниот ургентен центар пред две недели, сега бројот достигна 3.000. Секако ќе мора да има мерки бидејќи динамката на проширување налага ограничување“, рече Братај.

Тој додаде дека влошената состојбата е последица на олеснувањето на мерките и нивното непочитување.

„Мерките не се почитуваат. Отворањето на училиштата беше меч со две острици и продолжува да биде. Угостителските објекти во вечерните часови станаа место за неносење маска, непочитување на растојанието и опасност за ширење на инфекцијата“, посочи Братај гостувајќи во емисија на „Клан телевизија“.

Во албанската метропола активни на болеста се 5.315 од вкупно 10.800 во целата земја.

Би можело да ве интересира

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он

Трета жртва од пукањето во Скадар

Албанија формира резервни воени единици

Оружен инцидент во Скадар, има загинати и повредени

Горан Наумовски

Силен земјотрес ја погоди Албанија

(ВИДЕО) Снимка од апсењето на Илир Мета: специјалци го влечеа од автомобил

Катерина Ѓуровски