Речиси 600.000 деца во Грција живеат во сиромаштија

Од:

Како последици на еконската криза речиси 600.000 деца во Грција живеат под прагот на сиромаштија, се наведува во извештај на Детскиот фонд на ОН (УНИЦЕФ).

– Ситуацијата е многу вознемирувачка. Проблемите со сиромаштијата и социјалната исклучивост се зголемуваат, изјави претставникот на УНИЦЕФ во Грција, Ламброс Канелопулос.

Според него, каквата состојба има негативен одраз не само врз благосостојбата на децата, туку и врз нивното здравје и нормален развој.

Податоците на УНИЦЕФ покажуваат дека во моментов околу 597.000 деца во Грција живеата во услови на сиромаштија, што е за 158.000 повеќе во споредба со пред една година.

Според Фондот, од вкупнуиот број деца што живеат во сиромаштија, дури 322.000 не можат да ги задоволот основните прехранбени потреби.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент