Дојава за бомба во Филаделфија, евакуиран трговски центар во близина на место каде се бројат гласови

Од:

Во Филаделфија, стотици граѓани се евакуирани денеска, откако била примена закана за бомба во трговски центар, кој се наоѓа во близина на местото каде се бројат гласовите од претседателските избори во САД.

Полицијата во Филаделфија соопшти дека обезбедувањето на трговскиот центар „Фешн дистрикт Филаделфија“ добило два повика, од исто лице, кое предупредило дека ќе експлодира бомба.

Според локалниот весник „Фили Воис“, специјалните единици со кучиња трагачи извршиле претрес во трговскиот центар, но бомбата не била пронајдена.

Во Филаделфија денеска приврзаниците на демократскиот кандидат Џо Бајден, кој е во водство на изборите за претседател, започнаа да слават на улиците во Филаделфија, додека нивните опоненти од таборот на Доналд Трамп продолжија со протестите, јавија американските медиуми.

Околу 200 приврзаници на Трамп се собраа пред избирачките места во Феникс и Детроит, каде сè уште се бројат гласовите. Тие изразија сомневање во точноста на изборните резултати.

Во Филаделфија, пак, граѓани кои го поддржуваат Бајден, излегоа на улиците за да прослават, по веста дека демократскиот кандидат води во нивната држава.

Во Детроит демонстрантите пред Центарот за пребројување извикуваа: „Престанете да крадете“. Некои носеа транспаренти на кои пишуваше: „Ајде повторно да ги направиме изборите фер“ и „Го сакаме Трамп“.

Полицијата ги огради улиците што водат кон центарот. Иако протестите не се ниту насилни ниту масовни, локалните власти се загрижени за обвинувањата.

И во Атланта се собраа стотина приврзаници на Трамп пред местото каде се бројат гласовите.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија