Анкета: Русите го преферираат Леонид Брежњев пред Сталин и Горбачов

Од:

Голем дел од Русите го сметаат Леонид Брежњев за најдобар поранешен шеф на државата пред Ленин, Сталин и далеку пред Михаил Горбачов, покажа истражување на Центарот Левада.

Повеќето анкетирани (56,6 проценти) се однесуваат позитивно кон Брежњев, додека 29 отсто имаат негативен однос, покажува анкетата, спроведена на крајот на април со 1.600 учесници.

Брежњев беше 18 години на чело на СССР (1964-1982) – време одбележано од стагнација, репресии врз опозиционери, времето на Прашката пролет од 1968 година, на инвазијата во Авганистан во 1979 година и на трката во нуклеарното вооружување. Во Русија, меѓутоа, тој период го поврзуваат со стабилност и благосостојба.

За основачот на Советскиот сојуз, Владимир Илич Ленин, чие балсамирано тело се уште се наоѓа во мавзолејот на Црвениот плоштад, позитивно мислење дале 54 отсто од анкетираните.

За диктаторот Јосиф Сталин, одговорен за најжестоките чистки на режимот, но почитуван во Русија поради победата над нацистите во 1945 година позитивно мислење изразиле 49 отсто.

По нив доаѓа последниот цар Николај Втори, егзекутиран од болшевиците заедно со семејството во 1918 година. Позитивен однос кон него имаат 48 проценти од Русите.

Никита Хрушчов, кој доаѓа на власт по Сталин, ги разобличува злосторствата на режимот и дава можност за извесно либерализирање на системот во продолежние од неколкугодини, има 45 отсто позитивно мислење од учесниците во анкетата.

Би можело да ве интересира

Јужна Кореја: Севернокорејските војници одат на линијата на фронтот во Русија

Горан Наумовски

Над 20 повредени во руските напади врз Харков, меѓу нив и пет деца

Украина: Руските трупи извршија 15 воздушни напади во Курск

Песков: Русија ги отфрла обвинувањата за мешање во изборите во Грузија

Џеј-Ди Венс повика на преговори со Русија

Украина ќе ја заврти славината, рускиот гас за Европа ќе мора по нови рути

Предраг Петровиќ