(ВИДЕО) Мицкоски на средба со Села и Гаши: Ова би можел да биде прв чекор кон заедничко коалицирање пред локалните избори

Од:

Денешната средба со лидерите на Алијанса за Албанците Зијадин Села и Африм Гаши од Алтернатива, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја оцени како појдовна точка на обединување на опозициските партии и како можност за коалиција и заеднички настап на локалните избори.

„Сакам да соработувам со луѓе кои држат до својот збор, но тоа за сега не го гледам кај ДУИ. Гаши и Села кои денеска се со мене се на покана на „Конан Аденауер“ да разговараме на заедничка маса како опозициски десничарски партии и не гледам пречка зошто таа соработка не би можела да продолжи и во иднина. Имаме многу точки кои се заеднички и кои водат кон обединување. Ова е прв чекор и би сакал да кулмунира со заедничка коалиција пред локалните избори. Ако зборувам и како политичар и како човек би кажал истото, јас не ги делам граѓаните по нација, на Албанци, Турци, Срби, туку на граѓани кои се мои соседи, пријатели и единствено што нас не обединува е борбата против кримиалот, корупцијата и подобрување на еконосмките услови“, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од конференцијата „Конзервативни народни партии – градење мостови кон заедничка иднина во ЕУ” во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“.

Мицкоски рече дека и Села и Гаши се на ставот за предвремените парламентарни избори и формирање на национална Влада за спас, бидејќи според него сегашното мнозинство нема капацитет државата да ја изведе на европскиот пат, ниту пак да се соочи со предизвиците од пандемијата и економските последици кои произлегуваат од неа.

„ Уште еднаш ќе кажам власта треба да ги напушти позициите и да се организираат предвремени избори и веднаш и сега треба да размислуваме за техничка влада која ќе функционира во овој кризен период. Бидејќи овие луѓе немаат капацитет, не е само заради блокадата што ја добивме од Бугарија ,туку и заради неспособноста да се спави со здравствената криза, со тешката економска ситација, со корупцијата, иако власта тврдеше дека блескаме. Граѓаните се беспомошни, доживуваат уште потешки моменти. Понудивме лидерска средба, на која ќе разговараме како да излеземе од ова и да се договориме како понатаму со нашата држава“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека десничарските конзервативни партии, сестрински партии во рамките на Европската народна партија заедно со пријателите во Македонија, Алијансата на Албанците и Алтернатива може да придонесат во иднина за брз напредок на нашата држава во рамките на евроинтеграциите.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Денес работничките права се прекршени и погазени, промените мора да се случат

А1он

Мицкоски: ДУИ живее во минатото, договорот за коалицирање на победник со победник повеќе не важи

Орце Костов

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ќе го истреби криминалот и за истиот ќе има одговорност, затоа ни треба поддршката од граѓаните на 8 мај за број 2

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Потребна е масовна излезност на 8 мај за да ги пратиме во опозиција ДУИ кои ја ограбуваат и ја ставаат Македонија на колена

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Села: Моите очекувања секогаш кога има избори се да биде исполнета демократијата

Катерина Ѓуровски