Струмичанката Кристина Зимбакова вечер ќе постави изложба на планината Родопи во Бугарија

Од:

Уметницата Кристина Зимбакова од Струмица вечер на планината Родопи во Бугарија ќе постави самостојна изложба насловена „Светилиште“.

Изложбата ќе биде поставена на отворено, во експериментална стаклена витрина-галерија „Расклон“, во источните предели на планината Родопи. Местото е на 500 метри надморска височина, на крстосница од шумски пат и во близина на грчката граница.

Ова не е прва ваква изложба на Зимбакова, поставена во природа. Лани во јуни постави изложба и на планината Беласица, на врвот Сечена Скала, висок 1740 метри, на самата гранична линија меѓу Северна Македонија и Грција.

Кристина Зимбакова во своето творештво негува интердисциплинарен пристап каде се испреплетени сликарството, поезијата и природните науки, а габите и лишаите се најзастапен медиум.

Досега имала самостојни изложби во земјава, како и во Ирска, а учествувала на бројни групни изложби во Оксфордскиот театар во Англија и Музејот за уметност „Ешкенази“ во САД.

Настанот е во организација на холандско-бугарската уметничка Фондација „Царино“, а ќе трае до 2 декември.

Би можело да ве интересира

„Уживање“ – изложба на Марта Патлиџанковска и Лусиана Ампева во Галерија МКЦ

А1он

Во галеријата КО-РА отворени изложбите на Петра Јовановска и на Рафаел Ристовски

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски