Во Полска за еден ден од Ковид-19 починаа 445 лица, најмногу досега

Од:

Во последните 24 часа во Полска е забележан рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, 445, а бројот на новозаразени е 27.086, соопшти Министерството за здравство.

Од почетокот на пандемијата досега починале вкупно 7.287 лица од 38 милиони жители, а вкупно се заразиле 493.765 луѓе.

Од утре во земјата стапуваат во сила нови построги мерки.

Основните училишта преминуваат на онлајн настава, продавниците во трговските центри се затвораат, исто и културните институции како што се театри и кина, во работните денови децата на возраст под 16 години нема да можат да бидат надвор од 8 до 16 часот без да бидат придружени од возрасни.

Премиерот Матеуш Моравјецки, исто така, упати апел до стотици илјади Полјаци, кои од 22 октомври секој ден излегуваат на улиците во повеќе градови во Полска во знак на протест против одлуката на Уставниот суд за речиси целосно забрана на абортуси, да ги префрлат своите протести на Интернет затоа што масовни демонстрации во време на пандемија се закана за зголемување на бројот на заразени лица.

– Ако епидемијата надмина 70 до 75 случаи на заразени на 100.000 жители, ќе мора да воведеме национален карантин – многу строги забрани за движење и сите забрани што ќе ни овозможат да го реализираме сценариото што ни е најпотребно, предупреди во средата премиерот Моравјецки.

Би можело да ве интересира

Националистите предложија историчар да се кандидира за претседател на Полска

А1он

Захарова: Американската противракетна база во Полска е приоритетна цел

Русија: Новата американска база во Полска долго време е на списокот за потенцијално уништување

Туск: Телефонската дипломатија не може да ја замени вистинската поддршка за Украина

Горан Наумовски

Полска го гради „Источниот штит“, се градат бариери, бункери, ровови и мински полиња

Дуда: Полска ќе ги пренесе авионите МиГ-29 во Украина доколку НАТО ги префрли авионите во полските бази