Путин: Русија до 2030 година ќе ја намали емисијата на штетни гасови за 70 отсто

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин денеска на Владата ѝ порача дека мора задолжително да ги почитува мерките од Парискиот климатски договор од 2015 година, кој Русија го ратификува лани. Претседателот ѝ нареди на Владата до 2030 година да ги намали емисиите на штетни гасови за 70 отсто, во споредба со нивото од 1990 година, јавија британските медиуми.

Русија е четврта земја во светот по емисијата на јаглерод диоксид, и покрај тоа што е потписник на климатскиот договор, додека екологистите редовно ја критикуваат Москва дека не ги казнува компаниите чии фабрики испуштаат штетни гасови и со тоа влијаат врз климатските промени.

Британските медиуми додаваат дека Путин потенцирал дека паралелно со спроведувањето на точките од договорот, социо-економскиот развој на земјата не е загрозен.

Климатските промени се голема закана за Русија, имајќи предвид дека руската економија е во голема мера зависна од преработката на нафта и гас, како и од рударството.

Некои објекти во северна Русија се изградени на мраз, а зголемувањето на температурите може да доведе до колапс на објектите.

Би можело да ве интересира

Пратениците на Левица остварија средба во Собранието со рускиот амбасадор Баздникин

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство