Лидерот на бугарската партија „Атака“, Волен Сидеров го нападна новинаротна телевизијата СКАТ, Теодор Ангелов, заедно со неколку партиски активисти.
„Зошто ги нарекуваш престапници бугарските граѓани? Кој ти даде право да се однесуваш така? Зошто ги навредуваш нашите гласачи? Зошто, а? Зошто“, викаше Волен Сидеров.
„Турчин си бе? А, Tурчин ли си“, го прашуваа новинарот.
Тие со сила го тераа новинарот да му се извини на бугарскиот народ пред Народното собрание.
„Не ме плукајте, г-дин Сидеров“, возврати новинарот Теодор Ангелов.
Скандалот траеше 10-тина минути, а на местото пристигна полицаец, кој исто стана мета на агресивниот политичар. Сидеров се сврте кон него и го обвини дека ги спроведува плановите на неговите шефови.
„Легитимирај се! Кој те испрати? Цветан Цветанов ли? “, викаше Сидеров. Видливо загрижениот полицаец објасни дека се вика Тодор Тодоров, а причината за неговото присуство е повикот за помош.
Телевизијата СКАТ и Сидеров се во отворен конфликт од поодамна. Иако телевизијата учествуваше во форсирањето на националистичката партија “Атака”, по влегувањето на партијата во парламентот и особено по изразената поддршка за ГЕРБ на Бојко Борисов пред време, односите меѓу нив се заострија.
„Сакав да направам интервју со Волен Сидеров. Прашањето што го разлути беше зошто ги поддржуваат БСП и ДПС, бидејќи тие практично токму така постапија денеска. Останатото го видоа сите.
– Сидеров изгледаше како да користел недозволени супстанци. Ме удри неколку пати во стомакот. Потоа еден полицаец дојде и ме спаси, а тој го удри и него. Сеуште не сум решил дали ќе преземам нешто во врска со случајот. Имам средба со својот адвокат, тогаш можеби ќе одлучам“, рече новинарот.
Во Бугарија по недомана одржаните парламентарни избори ситуацијата е вжештена. Бојко Борисов најави дека ќе го земе мандатот но и дека за половина час ќе го врати зашто не може сам да формира влада.
Тој нагласи дека се рашил на таков чекор од причина што „веќе се гледа формирањето на нова тројна коалиција“ меѓу Бугарската социјалистичка партија (БСП), турското Движење за права и слободи (ДПС) и националистичката партија Атака.