Градоначалникот на Пробиштип позитивен на коронавирусот

Од:

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов позитивен на коронавирусот. Тој ја потврди информацијата и вели дека од петокот не е на работното место, бидејќи ги почувствувал симптомите, веднаш се изолирал и го чекал резултатот од тестот. Забележува дека тој и вработените во кабинетот и администрацијата комплетно ги почитувале здравствените протоколи. Анастасов утринава во статусот на социјалните мрежи ги извести жителите на Пробиштип.

-Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај почитувањето на мерките за заштита од самиот почеток на пандемијата, добив позитивен резултат за Ковид-19. Со благи симптоми, веќе сум во домашна изолација. Ве охрабрувам заедно и дисциплинирано да продолжиме во борбата против ова заедничко зло, вели Анастасов.

Според епидемиолозите во изолација заминуваат и уште шестмина вработени во Општина Пробиштип, а претходно од општинската администрација имале два случаи, кои се во изолација.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски