СДСМ: Очајниот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ преку опасно однесување се обидуваат да го поткопаат здравствениот систем

Од:

„Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на коронакризата се на погрешната страната, против јавното здравје, против институциите кои се борат со вирусот, против докторите и медицинските сестри и се обидуваат да го поткопаат здравствениот систем.

Додека сите се посветени во борбата против пандемијата, ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот Вело Марковски шират лажни вести и ставови дека коронавирусот не опасен, дека не треба да се носат заштитни маски што внесува заблуда меѓу граѓаните и наштетува на јавното здравје“, велат од СДСМ.

„Кадарот на Мицкоски во техничката Влада го кочеше заемот од Светска Банка со чии средства требаше да се опремат ковид болници. Да не беа таквите блокади, сега во државата веќе ќе имаше опремени нови 16 ковид болници, уште поподготвени за есенскиот бран на коронавирусот.

ВМРО-ДПМНЕ во Собранието го кочеше и Законот за заштита на населението од заразни болести, условувајќи го со формирање на некаква паралелна Комисија за заразни болести.

Свесни дека Министерството за здравство добро ја менаџира кризата, наместо да помогнат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават се за да одмагаат.

Мицкоски треба да престане да им штети на граѓаните. Не треба да го загрозува здравјето на граѓаните, само за да ја сочува партиската фотелја во белиот дворец.

Граѓаните знаат дека на Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ воопшто не им важно јавното здравје, затоа на избори ги казнија овие негови штетни делувања. Затоа ВМРО-ДПМНЕ уште долго ќе остане во опозиција“, соопштува СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат