Специјалната единица „Кобра“ и агенцијата за заштита на уставниот поредок во Линц, уапси уште еден осомничен за терористичкиот напад во Виена, пренесува „Кронен Цајтунг“.
Апсењето го виделе сведоци, жители на Линц кога полицијата уапси еден маж, изнесувајќи го својот дом, а претходно истражителите однеле на распит уште две жени кои се сомничат дека се вмешани во настанот.
Според првите информации уапсениот маж во Линц, бил познат како исламист. Во текот на апсењето немало пукање.
Виена и другите австриски градови се блокирани од утрово, а бројни полициски патроли вршат претрес и истражуваат дејства поврзани со синоќешниот напад во кој настрадаа пет луѓе.