Кипарската православна црква обезбеди 200 милиони евра за изградба на хотел, училиште и соларен парк

Од:

Кипарската православна црква обезбеди кредит во висина од 200 милиони евра од странска банка, соопшти кипарската грчка телевизија Сигма.

За оваа цел под хипотека ќе бидат ставени црковни имоти. Парите ќе бидат потрошени за реализацијата на серија проекти, кои, според архиепископот Хрозостом, ќе се за помош на земјата. Меѓу проектите се изградба на хотел, училиште на англиски јазик и соларен парк.

Црквата во Кипар во моментов преговара со инвеститори од Израел и Русија за изградба на електрична централа.

Според информација на телевизијата, Архиепископијата сака проектите да бидат почнати во периодот септември-октомври.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ