Каталонката Силвија Перез Круз вечер го отвора 19. OFFest

Од:

Со настапот на каталонската пејачка Силвија Перез Круз вечер во Македонската филхармонија во Скопје ќе започне 19. OFFest, нашиот најголем и најзначаен фестивал на музика на светот.

Перез Круз ќе го претстави својот најнов проект „Фарса” (Farsa), во кој на волшебен начин ги комбинира музиката, театарот, филмот, танцот, сликарството, фотографијата и поезијата.

Силвија Перез Круз, еднакво позната во џез, фадо и во фламенко круговите, со текот на годините прерасна во исклучителен музички раскажувач. Растела во музичко семејство, изучувајќи џез пеење, пијано и саксофон. За време на студиите во Барселона, заедно со три пријателки, ја формира фламенко групата Las Migas, којашто добива сериозно внимание и огромна популарност низ цела Шпанија.

Нејзината соло кариера, пак, започнува на 27-годишна возраст, компонирајќи своја музика и развивајќи индивидуален стилски израз. Пее претежно на шпански, каталонски и португалски, а има соработувано со артисти како Joan Manuel Serrat, Jorge Drexler, Natalia Lafourcade, Gino Paoli, Javier Colina, Hamilton de Holanda, Rocío Molina, Toquinho, Marco Mezquida, Raül Refree и многу други. Зад себе има шест албуми, од кои два станаа „златни“ (“11 de Novembre” и “Granada”). Во исто време, редовно пишува музика за филм, театар и танцова продукција, за што има добиено бројни награди.

-Се чини дека постои консензус околу една работа кога станува збор за нејзините настапи: без разлика дали пее свои песни или преработки, нови или стари композиции, на овој или оној јазик, на сцената секогаш на крајот доминира еден јазик – јазикот на емоциите, наведуваат организаторите на фестивалот.

Нејзиниот нов проект „Фарса“ е сочинет од песни што таа ги напишала во соработка со други уметници и уметнички дисциплини: театар, филм, танц, сликарство, фотографија и поезија. Во воспоставувањето на усогласеност помеѓу интердисциплинарниот дијалог и чувството на единство на проектот, значајна улога игра и фотографијата – за секоја од песните таа користи различна насловна фотографија. Силвија, едновремено, го позајмува својот лик за потребите на артистичкиот мејкап, нејзиното лице служи како сликарско платно, директно инспирирано од музиката.

Билетите за концертот на Силвија Перез Круз се веќе во продажба, исклучиво онлајн, преку продажната мрежа на mk.tickets.

Наскоро од OFFest најавуваат дека ќе ја објават и комплетната програмата на фестивалот, кој годинава, разбирливо, ќе се реализира во согласност со протоколот за одржување на концерти во затворен простор. ветувајќи извонредно квалитетно, музички раскошно и возбудливо издание на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Осум концерти на ОФФ-Фест 2024 од 6 до 9 јуни

Четврта завршна вечер на OFFest 2023

Ана Ололовска

Почнува 22. издание на ОФФ-Фест

Ана Ололовска

Во продажба билетите за 22 ОФФ-Фест

Ана Ололовска

„Скопски џез фестивал“: Го откажуваме 22. издание на „OFFest“

Ана Ололовска

Последна вечер на 21. OFFest

Ана Ололовска