Скопјанец обвинет за обид за разбојништво и за кражби​

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 31-годишен скопјанец за обид за разбојништво и за кражби​.

Како што информираат од ОЈО, обвинетиот на 19.02.2020 година, влегол во супермаркет на ул. „11-ти Октомври“ и со употреба на огнено оружје се заканил на една вработена со зборовите: „Дај ги парите, ќе те убијам“. Пиштолот го вперил во нејзе, ја отворил касата и го извадил пластичниот дел од касата. Во тој момент оштетената му се спротивставила и му ја тргнала медицинската маска која обвинетиот ја носел на лицето, по што тој ја турнал на подот и избегал.

Против обвинетиот поднесен е и обвинителен предлог за две кривични дела – кражба. Имено на 17 јануари обвинетиот, од маркет на улицата „50-та Дивизија” одзел 27.500 денари. Искористувајќи го невниманието на една вработена, тој се приближил до касата, ги украл парите и избегал. Од истиот маркет, на истиот начин, на 16 јуни годинава одзел уште 52.500 денари.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје поднесе и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетото лице.

Би можело да ве интересира

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон

Од армиски центар украдени три „Хамери“, едниот е блиндиран

Уапсена е 38-годишна жена, ја фатиле при кражба во маркет во Прилеп

А1он

Осумдневен притвор за 32-годишен скопјанец поради „тешка кражба на дрзок начин“

А1он

Разбојник од скопската населба Илинден ограбил аптека во Ново Лисиче

МВР: Уапсен е разбојникот кој ограби обложувалница и мини-маркет во Скопје