Tројца тренери и тројца ракометари во репрезентацијата позитивни на коронавирусот

Од:

Во пресрет на квалификациските натпревари за обезбедување пласман на Европското првенство 2022, со репрезентациите на Финска и Швајцарија, согласно протоколот од ЕХФ и протоколот за спроведување на ракометните натпревари, Ракометна федерација на Македонија пред започнување на собирот спроведе тестирање на ракометарите и стручниот штаб на сениорската машка ракометна репрезентација за рана детекција на COVID – 19, при што позитивни тестови имаат тројца од стручниот штаб и тројца играчи, соопшти РФМ.

Од тренерите позитивни на корона вирусот се: Александар Царчев – тренер на голмани, Никола Матлиески – помошник тренер и Радослав Стојановиќ – помошник тренер.

Од играчите: Марио Танкоски, Мартин Велковски и Мартин Поповски.

Контактите се изолирани, а ракометарите и стручниот штаб кои се позитивни немале контакт со останатите тестирани членови на репрезентацијата кои се негативни на повеќе последователни спроведени тестирања, соопштија од РФМ.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски