Ужас во Марвинци: „Југо“ удрило во столб и изгорело, возачот сè уште не е идентификуван

Од:

Вчера рано наутро, во тешка сообраќајна несреќа кај валандовското село Марвинци, загинал возач на „Југо“ кој удрил во столб од надвозник, по што автомобилот се запалил и целосно изгорел, соопшти МВР.

„На 01.11.2020 во Полициска станица Валандово било пријавено дека околу 05.10 часот, на магистрален пат А1 во близина на селото Марвинци, патничко возило „југо корал 45“, со велешки регистарски ознаки, сопственост на Г.П.(70) од Гевгелија, а управувано од непознато лице, удрило во бетонски столб од надвозник, при што од ударот настанал пожар во возилото, кое целосно изгорело, а возачот починал на местото,“ велат од МВР.

Пожарот е изгаснат од Противпожарната единица од Валандово, а од лекар била констатирана смрт кај возачот. Увид на местото на незгодата извршила екипа од Полициска станица Валандово, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција, се вели во полициското соопштение.

Би можело да ве интересира

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, троја се странци

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип