Министерството за внатрешни работи информира дека вчера на територијата на град Скопје изречени биле вкупно 257 мерки, меѓу кои 38 за возење без возачка дозвола, 29 за технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 санкции за управување под дејство на алкохол и 34 за неносење заштитна маска.
Од МВР потенцираат дека и во наредните денови, како и во претходните, продолжуваат засилените сообраќајни контроли. Оттаму апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.