Во пожар во канадската сојузна држава Онтарио изгореа две цркви, а локалните власти не ја исклучуваат можноста пожарот да бил подметнат.
Во извештајот на телевизијата ЦТВ се наведува дека двете запалени цркви се оддалечени само седум километри, како и дека пожарите избувнале во интервал од шест часа.
Иако и двата верски објекти изгореле до темел, немало човечки жртви.