Кнаус: ЕУ ќе го загуби кредибилитетот на Балканот ако Бугарија ги блокира преговорите со С. Македонија

Од:

Австрискиот политички аналитичар и директор на тинк – тенкот Европската иницијатива за стабилност, Гералд Кнаус, оценува дека доколку не се најде решение за најавата на Софија за блокада на пристапните преговори на С Македонија, ЕУ ќе го загуби кредибилитетот на политиката за проширување, што би било трагично за Унијата, за С Македонија и за Бугарија.

-Освен ако не се реши ова, кредибилитетот на политиката за пристапување во ЕУ ќе се распадне во 2020 година, под германското претседателство со ЕУ. Во време на веќе огромна нестабилност околу ЕУ, оценува австрискиот експерт за Западен Балакан.

Според него, не е нормално вклучување на различни ставови за идентитетите во преговарачката рамка за пристапување во ЕУ и доколу Бугарија инсистира, тоа едноставно значи дека нема разговори за пристап, ни сега, ни никогаш.

Решението, вели, е очигледно, а тоа е Бугарија и Македонија да се согласат дека се разликуваат во однос на нивните погледи на историјата.

Позицијата на бугарска влада дека македонскиот идентитет е титовистичка „измислица“ на „сметка на историјата на соседните земји“ и за да започне пристапни разговори С. Македонија треба прво да прифати дека нејзиниот народ има лажен идентитет и јазик.

– Ова никогаш нема да се случи, дециден е Кнаус

Тој ја обвини Бугарија дека го уништува кредибилитетот на ЕУ на Балканот со најавата за блокада на С. Македонија да ги почне преговорите со ЕУ, а барањето на Софија и на шефицата на дипломатијата Екатерина Захариева Скопје да признае дека македонскиот народ и јазик имаат бугарски корени, го осуди како апсурдно.

– Замислете Германија да инсистира ‘Австрија да ги признае германските корени’, заканувајќи се со ‘тензии’ ако не го storи тоа. Шведска да ѝ го прави тоа на Норвешка. Чесите ова да им го кажат на Словаците. Апсурдно? Да! Тоа е она што го прави Бугарија, уривајќи го кредибилитетот на политиките на ЕУ за Балканот, пишува Кнаус на неговиот Твитер налог.

Би можело да ве интересира

Европската Унија „преку ред“ ќе добие нова членка

Мерц: Прашање е дали Украина ќе биде примена во ЕУ до 2034 година

Предраг Петровиќ

Кремљ: Русија создаде одреден имунитет кон западните санкции и се прилагоди на нив

Германската влада не го поддржува нацрт-буџетот на ЕУ

Македонија е подготвена да продолжи да чекори по европскиот пат со обновена национална решителност, вели Муртезани

Калас: Ако ЕУ плати за оружје за Украина, тоа ќе биде европска помош, а не од некој друг