(ВИДЕО) Николов: Oбезбедуваме 54 милиони денари за награда на здравствените работници кои се борат против Ковид 19

Од:

„Од почетокот на коронакризата, но и претходно, Владата предводена од СДСМ презема сериозни чекори за унапредување на здравствениот систем и за зајакнување на неговите капацитети.

Со заем од Светска Банка обезбедени се 33 милиони евра за опремување на сите одделенија за интензивна опрема со нова, современа медицинска опрема.

Со ребаланост на Буџетот кој е во собраниска процедура, се издвојуваат 54 милиони денари за награда на сите здравствени работници кои се вклучени во третманот на пациентите заболени од Ковид 19 вирусот“, рече Сашко Николов, пратеник од СДСМ.

„Овие средства ќе се наменат за вработените во Ковид центрите во Скопје и во болниците во останатите градови низ државата.

Овие 54 милиони се дел од вкупно 243 милиони денари што Владата ги издвои за здравството, додека останатите ќе бидат распределени за набавка на лекот Ремдесивир, како и за набавка на вакцини, за тестови за ковид 19 и за потребите на Јавните здравствени установи.

Деновиве сведочиме и на тоа што значи солидардност и какви продобивки носи членството во НАТО. Нашета јавно здравство од НАТО алијансата доби 60 респиратори и друга итна медицинска опрема во вредност од 1,4 милиони евра.

Состојбата со коронавирусот е сериозна. Затоа како одговорна партија постојано инвестираме во нашиот здравствен систем кој со месеци е во борба со пандемијата на КОВИД 19.

Во таа насок продолжуваме и со ребалансот на Буџетот за 2020 година, но и во иднина. Уште во следната година следува покачување на платите во здравството за 10 отсто. Нашата намера е платите во јавното здравство до 2024 да бидат за 40 отсто повисоки од денес, преку зголемување од 10 отсто секоја година.

Уште еднаш упатувам апел до сите, целосно и доследно да се посветиме на почитување на мерките за заштита од коронавирусот, да го заштитиме нашето здравје, но и да им олесниме и на здравствените работници“, изјави Сашко Николов, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ за прославата 35 години независност: Нема „нула“ денари, парите од Државна лотарија се народни

A1on

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

(ВИДЕО) Жерновски: Патриотизмот веќе не му поминува на Мицкоски

СДСМ: Мицкоски нема ништо државничко, „Талог“ е кампања по моделот на Ванчо Михајлов

Горан Наумовски

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Филипче: Нашата генерациска задача е да изградиме европска држава во која младите ќе сакаат да останат