(ВИДЕО) Вучиќ: Србија не се меша во формирањето на црногорската влада, тоа го прават некои други

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека неговата земја не се меша во формирањето на новиот состав на Владата на Црна Гора за разлика од „некои други кои имаат интерес за тоа“.

„Има многу кои работат да го уништат нашето влијание, и да покажат дека е добро само кога Србија е слаба, и кога ќе почнеме да зајакнуваме, тогаш не сме добри за никого. Ние не водиме хегемонистичка политика, не баравме министер или премиер, им реков на Мандиќ и Кнежевиќ, никогаш не би ја поддржал малцинската влада, само затоа што јавноста тоа го очекува“, рече српскиот претседател.

Тој потенцираше дека постои голем проблем во целиот свет, а не само во Србија и дека четири или пет проценти сакаат да управуваат со мнозинството, затоа што имаат поддршка од тајкуните и медиумите.

„Тие мислат дека се убави, а ние дека сме луди и глупави. Иако се полуписмени, тие мислат дека се подобри, имаат четири или пет проценти и сакаат да владеат. И тогаш тие не дозволуваат да се формираат нови влади“, соопшти тој.

Вучиќ истакна дека Србија сака добри односи со Црна Гора, но дека не му паѓа на памет да им се извинува на сите за економскиот раст на Србија и неговите политички ставови.

За неговата посета на Црна Гора, српскиот претседател оцени дека таа е безбедна, пријатна и во целост договорена, тој пред новинарите ја потврди изјавата на владиката Јоаники дека Србија и Црна Гора се најблиски една со друга и дека тоа така ќе биде засекогаш.

Би можело да ве интересира

Мелони е уверен дека Црна Гора ќе стане 28-та членка на ЕУ

(ВИДЕО) Роналдињо до Вучиќ: Доаѓам на Експо, се гледаме наскоро!

А1он

Вучиќ изнесе пет барања на собирот „Нема да ја дадеме Србија“

А1он

Вучиќ: Нивната обоена револуција заврши – не можете да му ја скршите кичмата на српскиот народ

А1он

(ВИДЕО) Вучиќ: Благодарам Србија!

А1он

Дефиле на знамиња во Белград – развиена најдолгата српска тробојка

А1он