СДСМ: Нема толеранција за оние кои свесно и намерно ги прекршуваат мерките за заштита од коронавирусот

Од:

„Системот на контрола на почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот е зајакната со усвојувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, од страна на парламентарното мнозинство предводено од СДСМ.

Со законските измени, сите инспекторати да добија нови, поголеми овластувања, за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.

Инспекторите кои на терен ќе констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент му изрекуваат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот, веднаш, на лице место ќе биде затворен и ќе му биде изречена глоба. Висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект“, соопштува СДСМ.

„Веднаш по стапувањето на сила на овие измени се зајакна контролата на објектите.

Уште првиот ден, од страна на Државниот пазарен инспекторат во повеќе градови во државата беа извршени вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници, при што еден објект во Гостивар бил веднаш затворен заради прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Нема толеранција за оние кои свесно и намерно ги прекршуваат мерките за заштита.

Состојбата со коронавирусот е сериозна. Потребна е максимална одговорност од сите. Државата, инситуциите имаат капацитет да ги спроведат мерките за заштита од КОВИД 19, но и неселективно и правнично да ги санкционираат оние кои ги прекршуваат.

Да бидеме одговорни да ги почитуваме мерките, да го чуваме здравјето. Само така ќе ја победиме сериозната закана од коронавирусот“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Кузеска: Обвинителството да отвори истрага за кинеските пари од унгарскиот кредит

Горан Наумовски

Мицкоски: Загрижен сум за здравствената состојба на поединци во актуелното раководство на СДСМ

Ивица Коневски и инвеститор и адвокат на Општина Кисела Вода, обвинува СДСМ

Мицкоски: СДСМ води ПР-стратегија со која истура лаги и не се бори за граѓаните

Филков: СДСМ свесно ги блокира реформите во изборното законодавство

(ВИДЕО) Тренчевска: Мицкоски бараше техничката влада да остане до влегувањето на Македонија во ЕУ

Горан Наумовски