Во БиХ е забележан нов потрес, на подрачјето Горажда, по вчерашниот земјотрес кај Томиславград.
Од сеизмолошкиот хидрометоролошки завод во Сараево соопштија дека утрово регистрирале нов земјотрес.
Јачината на земјотресот во епицентарот изнесувала 2,8 степени според Рихтерова скала, а интензитетот бил 4 степени според Меркалиева скала.
Посилен земјотерес се случи вчера на 13 километри северно од Томиславград, односно 100 километри западно од Сараево.
Елена Георгиевска