(ВИДЕО) Талевски: Инспекторатите со засилени овластувања постапуваат по прекршувања на мерките за заштита од Ковид-19, нема толеранција

Од:

„Парламентарното мнозинство предводено од СДСМ преку усвојувањето на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, обезбеди сите инспекторати да добијат нови, поголеми овластувања, за постапување со прекршителите на здравствените ковид протоколи.

Со измените и дополнувања на Законот, инспекторите кои на терен ќе констатираат дека одредено правно лице ги прекршува здравствените протоколи, во истиот момент му изрекуваат привремена забрана за вршење на дејноста од 10 до 30 дена, односно објектот, веднаш, на лице место ќе биде затворен.

Истовремено, преку измените, висината на глобите ќе варира во зависност од големината на правниот субјект“, рече Миле Талевски, пратеник од СДСМ.

„Со овие измени сериозно го зајакнуваме системот на контрола на почитувањето на мерките за заштита од коронавирусот.

Уште од првиот ден од стапувањето на сила на измените, се зајакна контролата на објектите.

Конкретно, во првата вечер, од страна на Државниот пазарен инспекторат во повеќе градови во државата беа извршени вкупно 48 надзори и 742 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници, при што еден објект во Гостивар бил веднаш затворен заради прекршување на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Состојбата со коронавирусот е сериозна. Потребна е максимална одговорност од сите. Државата, инситуциите имаат капацитет да ги спроведат мерките за заштита од КОВИД 19, но и неселективно и правнично да ги санкционираат оние кои ги прекршуваат.

Нема толеранција за оние кои свесно и намерно ги прекршуваат мерките за заштита.

Се работи за нашето и за јавното здравје. Да бидеме одговорни да ги почитуваме мерките, да го чуваме здравјето. Само така ќе ја победиме сериозната закана од коронавирусот“, изјави Миле Талевски, пратеник од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“