СДСМ: Мицкоски наместо да организира „протести“ за струјата, на кои не се појавува, да поднесе оставка

Од:

„Нема крај лицемерието и деструкцијата на губитникот Христијан Мицкоски, кој од ден на ден е се повеќе очаен и осамен.

Во време кога есенскиот бран на коронавирусот, како во Европа така и тука е во полн налет, Мицкоски исплашен за својата фотелја во белиот дворец организира јавни собири на неговите приврзаници.

Додека глуми загриженост за состојбата со коронавирусот, Мицкоски секој втор ден го малтретира своето членство со таканаречени протести загрозувајќи го нивното и јавното здравје“, велат од СДСМ.

„Нема поголемо лицемерие од тоа против цените на струјата да протестира оној кој ја укина евтината тарифа и за 100 отсто ја зголеми цената на струјата, додека си тераше бизниси со хидроцентрали добиени од Владата во која бил советник.

Наместо да организира „протести“ на кој и самиот не се појавува, Мицкоски треба да си го одржи ветувањето пред избори и да поднесе оставка затоа што ниту победи на изборите, ниту формира Влада.

Граѓаните одамна не му веруваат ниту нему ниту на нереформираното ВМРО-ДПМНЕ кои не знаат ништо друго освен да бранат криминал и да делуваат деструктивно на штета на интересите на граѓаните“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“