СДСМ: Солидарност на дело – пристигнаа 60 респиратори донирани од НАТО како поддршка на македонскиот здравствен систем

Од:

„Членството во НАТО освен што ја гарантира безбедноста стабилноста и неповредливоста на границите, обезбедува и сериозна помош во време на сериозна светска здравствена и економска криза.

Република Северна Македонија вчера доби донација од 60 респиратори како поддршка од НАТО во справувањето со последиците од коронавирусот.

Станува збор за средства во износ од над 1,4 милиони евра што се донирани од страна на УСАИД и се дел од НАТО залихите на медицинска опрема лоцирани во Италија, а пристигнаа со авион со италијанското воздухопловство што беше финансиран од страна на Луксембург“, велат од СДСМ.

„Ова е солидарност на дело – неколку земји членки на НАТО функционираа заедно во рамки на Алијансата за да добиеме помош кога ни е најпотребна. Ова е уште еден во низата докази зошто беше важно да станеме дел од овој воено-безбедносен сојуз.

Во време на есенскиот бран на коронавирусот ова е значајна поддршка за нашиот здравствен систем.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи на интеграција и зајакнување на меѓународната позиција на Република Северна Македонија.

Продолжуваме да градиме силни меѓународни односи, да ги јакнеме пријателствата и сојузништвата кои значат поголема поддршка и помош за нашата татковина“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“