СДСМ: Само со почитување на мерките може да очекуваме намалување на бројките на инфицирани со коронавирусот

Од:

„Кога пандемијата со коронавирусот е во полн налет, бројот на инфицирани расте, болничките капацитети се полнат, а здравствените работници се преморени, важно е сите да ги почитуваме мерките за заштита на сопственото и на јавното здравје.

Само со почитување на мерките, носење маска во затворени простори каде што може да се соберат повеќе лица во исто време и на отворен простор, држење дистанца, миење и дезинфекција на рацете и избегнување на групирање може да очекуваме намалување на бројките“, соопштува СДСМ.

„Во мерките против коронавирусот спаѓа и забрана за групирање на повеќе од четири лица на јавен простор по 22 часот и затворање на угостителските објекти во 23 часот. Исто така, преполовен е капацитетот на патници во јавниот превоз и важи препораката, ако е можно да се работи од дома, онлајн.

Самоизолација од моментот на закажување на тестот до добивање на резултатот е задолжителна, а во случај тестот да биде позитивен на вирусот ковид-19, лицето останува во изолација.

Инспекциските служби имаат поголеми ингеренции, а непочитувањето на мерките се казнува.

Овие мерки стапија на сила, откако парламентарното мнозинство предводено од СДСМ и покрај опструкциите и одолговлекувањето од ВМРО-ДПМНЕ ги донесе измените на Законот за заштита на населението од заразни болести.

Од почетокот на пандемијата со коронавирусот Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат неконструктивно и ги кочат, опструираат и критикуваат сите напори за справување со коронакризата, а сега организираат масовни собири, на кои се кршат мерките за заштита и го доведуваат во опасност јавното здравје.

Граѓаните знаат дека сега е неопходно сите да ги почитуваат мерките и протоколите за заштита од коронавирусот, само така заедно можеме да го намалиме ширењето на вирусот и да го заштитиме јавното здравје“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тренчевска: Вториот ребаланс е комплетен фискален пораз на неодговорната политика на власта – последиците ги трпат граѓаните

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“