Кучето измачувано со хефталка закрепнува, активисти собраа пари за да му се помогне

Од:

Кучето кое минатата недела беше спасено откако некој го измачувал, залепувајќи му ја устата со хефталка, е ставено на посебен режим на исхрана, прима терапија и закрепнува добро по операцијата, велат активистите од Гевгелија кои го спасија.

„Амели беше на контрола и ветеринарот е задоволен. Таа е на посебен режим на исхрана и прима терапија. Операцијата е подмирена,“ напиша на Фејсбук Мелиса Богоева, активистката за заштита на животните која алармираше за грозоморниот случај.

„Фала ви на сите што помогнавте на било каков начин за Амели. Сега следува долг период на опоравување и потоа ќе и бараме домче, онакво убаво најубаво. Тимот на Nala Dog Rescue ви е бескрајно благодарен.“ додава таа.

Би можело да ве интересира

Гази Баба ќе субвенционира стерилизација на домашни миленици

Најстарата мачка на светот почина на 33 години

A1on

Американските пожарникари позираа со кученца за да соберат средства за нивно спасување

Предраг Петровиќ

ЈП Лајка: Скопје се соочува со неприроден прилив на бездомни кучиња

Предраг Петровиќ

Две момчиња од Тетово организирале борба на кучиња – заработија пријави од полицијата

Маж во Сплит чувал волци и кучиња во нехумани услови